Во основа на услугите, кои се даваат во П.З.У. Евромедика, се психотераписки методи кои тимот на професионалци ги спроведува во третман на психолошки проблеми и пореметувања.
Д-р. Александар Марцикиќ е тренер по психодрама и еден од водителите на едукацијата по психодрама во Здружението по психодрамско искуство и обука ,,Ј. Л. Морено” (www.psihodrama.mk), кое е член и еден од оснивачите на Македонската психотерапсика асоцијација (МПА), член на Европската асоцијација за психотерапија (EAP) и како тренинг организација, член на Европската федерација за психодрама (FEPTO). Д-р. Александар Марцикиќ е претседател на Македонската психотераписка асоцијација (МПА).
Во П.З.У. Евромедика психотерапијата се спроведува во вид на индивидуални третмани и групни тертмани, во кои се вклучува и работа со семејство.