Пон. - Пет.
08:00 - 18:00ч Адреса: бул. Мајка Тереза бр.28-1/1
Место: Скопје +389 (0)2 3130373
+389 (0)70 367284
 

Супституциона терапија

Супституциона терапија

Супституционен третман на одржување и детоксицирање

Третманот со супституциона терапија (метадон, бупренорфин) се практикува во П.З.У. Евромедика од Март 2004 година.

Целта на оваа детоксикација е да се ублажат кризите каj луѓе:

кои се мотивирани, но имаат остри апстиненцијални кризи;
кои се уште се со недоволна мотивација и поизразена дилема околу прекин на земање опијатни дроги;
кои развиле висока толеранција и се на високи опијатни дози;
кои поради психолошки проблеми не можат да ја истраат апстиненцијалната криза.
Детоксикација со супституциона терапија
Во првата фаза на овој третман се постигнува ублажување на апстиненцијалниот синдром со почетна доза на супституциона терапија.
Во тек на втората фаза, се прилагодува дозата, се до постигнување на т.н ,,steady state” или стабилна фаза.
Во третата фаза следува намалување на дозите на супституциона терапија до потполн престанок на употреба на супституциона терапија.

Принципи на тертманот во П.З.У. Евромедика:
1. Земање на супституциона терапија во присуство на одговорна особа. Целта е да се избегне злоупотреба на супституционата терапија и со секојдневното доаѓање да се добие соодветна здравствена и психо – социјална поддршка.

2. Редовно правење на тестови, со цел да се избегне психолошката страна на притајување на направен рецидив. Се дава и поттик за отворен и искрен разговор при можни рецидиви, со цел да се искористи искуството на секој рецидив за заштита од нови рецидиви. На овој начин се остварува и принципот за отворена дискусија за рецидивите, што е и најдубиозен проблем на третманот.

3. Психијатриски третман – Од 30 – 70 % од особите кои страдаат од опијатна зависност имаат и втора психијатриска дијагноза (пореметување на личноста, пореметување на расположението во вид на депресија или променливо расположение, невротски потешкотии и др.). Психијатрискиот третман дава можност за соодветна проценка на психичките пореметувања и соодветен третман со лекови и облици на психотерапија. Психијатрискиот третман е важен и за ублажување на симптомите на апстиненцијална криза.

4. Социјална интервенција – Супституционата терапија ги смирува психолошките кризи, овозможува нормалност во функционирањето и повторна интеграција во општеството.
5. Психотерапија и социотерапија – овозможува работа на себе, освестување и запознавање на самите себе си и решавање на личните психолошки проблеми кои се јавиле како последица на зависноста. Земањето дрога довело до стагнација на личниот развој и созревање. Со редовната психотерапија се дава поддршка да го продолжите процесот на нормално созревање и раст.

 

Контакт

Адреса

бул. “Мајка Тереза” бр. 28-1/1 1000, Скопје

Email

evromedika@yahoo.com

Јавете се

+389 (0)2 3130373

Се вчитува
Дојде до грешка. Ве молиме обдете се повторно
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!
Изработено од InOne