Опијати
Опијати
Хероин /Морфин/ Доминантен симптоми на интоксикација со овие дроги е еуфорија, која е пропратена со опуштање, релаксација на мускулите, исчезнува чувството на анксиозност и губиток на инхибициите.
Состојбата на еуфорија се заменува со чувство на потиштеност, нерасположение, анксиозност и депресивност. Депресивното расположение се јавува во моментот кога дрогата престанува да делува, а пропратено е со чувство на вина, самоокривување, самоубиствени мисли и тенденции. Така доаѓа до своеврсна инверзија, бидејќи дрогата, земена поради нејзините еуфорични ефекти, продолжува да се зема да би се избегнала депресивната и автодеструктивната неиздржлива состојба.
Хроничната употреба на опијати може долго време да биде без видливи последици, бидејќи интелегенцијата останува долго очувана. Пропаѓањето на личноста настанува постепено, што се гледа во опаѓање на продуктивноста, исчезнување на амбициите, слабеење на енергијата, малаксаност на волјата, опаѓање на работната способност и неможност да се истрае во работата. Со време, целиот интерес и живот на зависникот се сведува на секојдневна грижа и борба за набавка на дрога, па се служи со измами, фалсификати и кражби. Личноста е тешко променета: зависникот е недоверлив, асоцијален, брутален, вниманието му слабее, а помнењето попушта. Постепено настануваат се потешки телесни знаци и симптоми, како што се: слабеење на апетитот, губење на телесна тежина, болки во стомакот, повраќање, опстипација, намалување на мокрење, намалување и потполно губење на потенцијата кај мажите, умерено покачување на крвниот притисок, пореметувања на срцевиот ритам, треска, фиброза и некроза на венските крвни садови, кожни промени со темна пигментација, бледосивкасти промени на ноктите, косата и забите, очите се халонирани, со црвени и отечени очни капаци, тремор, бројни сензитивни пречки, како и несигурен од.
Доколку сте осетиле некои од горенаведените симптоми и последици, и решите да прекинете со употреба на хероин/ опијати/, со нашата програма и со заедничка програма може да си помогнете себе си во надминување на психолошките проблеми кои ги имате поради употреба на дрога.
Контакт
Адреса
бул. “Мајка Тереза” бр. 28-1/1 1000, Скопје
evromedika@yahoo.com
Јавете се
+389 (0)2 3130373