Пон. - Пет.
08:00 - 18:00ч Адреса: бул. Мајка Тереза бр.28-1/1
Место: Скопје +389 (0)2 3130373
+389 (0)70 367284
 

Неврози

Неврози

Во секојдневната пракса во П.З.У. Евромедика најчесто се среќаваме со невротски пореметувања каде стравот е доминантен симптом:

Панични пореметувања со агорафобија;
Анксиозно – депресивни пореметувања;
Фобични пореметувања;
Опсесивно – компулзивни пореметувања;
Соматоформни – компулзивни пореметувања;
Дисоцијативни пореметувања;

Како посебни категории на пореметувања ги наведуваме:
Сексуалните дисфункции и
Пореметувањето во исхраната.

Како услуга добивате третман, кој се одвива во неколку фази:

Фаза на стабилизација, кога се спроведува психо – фармако терапија и психотераписки интервенции во правец на побрза психичка стабилизација, во смисол да се намалат острите знаци на растревоженост.

Фаза модифицирање на стилот на живеење и зголемен увид во потсвесните причинители, односно психолошките аспекти на појавените симптоми и обука за релаксациони техники.

Реконструктивни облици на психотерапија. Овој третман е реконструктивен во смисол на корекција на старите емоционални искуства и промени кои ќе значат надминување на психичките конфликти поради кои се јавило невротското пореметување. Овој третман се спроведува во ординацијата во вид на индивидуални и групни сеанси.

ВИДОВИ НА ТРЕТМАН:

Психијатриски третман:
Проценка на интензитетот на невротското пореметување и ординирање на психофармаци.

Психотераписки третман:
Проценка на карактеристиките на личноста, внатрешните конфликти и интензитетот, нивното симболично изразување преку симптоми на невротско пореметување.

Видови на психотераписки третман:

1. Индивидуална психотерапија во траење од педесет минути и
2. Групен третман еднаш во неделата.

Видот на третман се предлага на првата средба и се прави договор за соработка во рамки во кои ќе даде успешен третман.

 

Контакт

Адреса

бул. “Мајка Тереза” бр. 28-1/1 1000, Скопје

Email

evromedika@yahoo.com

Јавете се

+389 (0)2 3130373

Се вчитува
Дојде до грешка. Ве молиме обдете се повторно
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!
Изработено од InOne