Канабис
Канабис
Марихуана: акутната интоксикација се манифестира со општо опуштање, лагодност, еуфорија, зголемена говорливост, субјективно појачување на осетливоста на сите сетила и исчезнување на секојдневните грижи и животни проблеми.
Како времето на интоксикација поминува, ефектите на еуфорија и релаксација се намалуваат и потполно исчезнуваат, па многу често се заменети со дисфорија пропратена со летаргија и безволност.
Кај одреден број корисници на продукти од канабис, промената на реалноста може да биде застрашувачка, пратена со чувство на паника, конфузија, моторна ексцитација, параноидна загрозеност или депресија. Може да се јават и халуцинации како видни, така и слушни. Кај некои предиспонирани особи се развиваат, навистина ретко, прави психотични епизоди.
Доколку ги имате овие симптоми и решите да престанете со употреба на канабис, со нашата програма и заедничка програма може да си помогнете себе си во надминување на психолошките проблеми кои ги имате поради употреба на дрога.
Контакт
Адреса
бул. “Мајка Тереза” бр. 28-1/1 1000, Скопје
evromedika@yahoo.com
Јавете се
+389 (0)2 3130373