Пон. - Пет.
08:00 - 18:00ч Адреса: бул. Мајка Тереза бр.28-1/1
Место: Скопје +389 (0)2 3130373
+389 (0)70 367284
 

Опијатен блокатор

Опијатен блокатор

Што по детоксикацијата?

Детоксикацијата е вовед во третманот. Третманот се состои од повторно враќање во секојдневното живеење без конзумирање на било какви супстанции, кои ја алтерираат свеста, односно водење на трезвен живот, психолошка урамнотеженост и ресоцијализација. Во ординацијата Евромедика се спроведува продолжен третман, кој се состои од шест месечна програма. Во Програмата се вклучени продолжен психијатриски третман, терапија со лекови, советување, техники за препознавање и надминување на рецидивот, индивидуална психотерапија, групна психотерапија и семејни средби, разни видови на обуки, интерактивни семинари за подобрување на квалитетот на живеењето. Како моќен лек со кој се прави обид да се спречат повторните враќања на опијатните дроги е т.н опијатен антагонист.

Употреба на опијатен антагонист NALTERXONE (Nemexin, Nalorex, Revia, Antaxon)

Се користи како терапија за спречување на повторно враќање на опијатни дроги. Го има во форма на таблета, инjекционен раствор за мускулна употреба и таблета за поткожно вградување (види имплант пеллет).

Тоа е средство кое не предизвикува зависност. Се врзува за опијатните рецептори на мозокот двеста пати посилно од хероинот.

Налтрексонот е погоден за особи кои прават обид да се откажат од користењето на опијати, но никогаш не успеваат тоа да биде долготрајно.

Налтрексонот е лек со кој се прави обид кај мотивирани лица да им се помогне да ги надминат моментите на слабост и да се спречат можни повторни враќања на земање на опијатни дроги. Промената на навиките и надминувањето на психолошките проблеми од конзумирање на опијатни дроги се обавува преку психијатриски и психотераписки третман.

 

Контакт

Адреса

бул. “Мајка Тереза” бр. 28-1/1 1000, Скопје

Email

evromedika@yahoo.com

Јавете се

+389 (0)2 3130373

Се вчитува
Дојде до грешка. Ве молиме обдете се повторно
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!
Изработено од InOne