Пон. - Пет.
08:00 - 18:00ч Адреса: бул. Мајка Тереза бр.28-1/1
Место: Скопје +389 (0)2 3130373
+389 (0)70 367284
 

Алкохол

Алкохол

Третманот се врши по следниот модел:
1. Подготвителен период
2. Детоксикација
3. Продолжен третман

Подготвилен период
Се состои од:
1. Телесни, лабораториски и клинички иследувања,
2. Иследувања: психолошко – психијатриски иследувања и иследување од социјален работник
3. Психотерапија со цел да се зголеми мотивацијата и да се даде подршка на личноста за апстиненција и надминување на психолошките проблеми

Детоксикација
Детоксикацијата се спроведува во амбулантски услови во периодот на акутни знаци на апстиненцијална криза.
Таа се состои од два дела:
1. Фармаколошко – медицински третман со терапија која ја ублажува кризата и доведува до побрзо опоравување. За време на терапијата се следи телесната состојба.
2. Психотераписка подршка со спорведување на индивидуални и семејни сеанси.

Продолжен третман
Се состои од:
1. Фармаколошки
2. Медицински и
3. Психо – социотераписки и психијатриски третман

Поткожно вградување на алкохолен блокатор (disulfiram, neltrexone): Дисулфирамот го прекинува метаболизмот на алкохолот. Со тоа во организмот се натрупува отровна супстанца. Во случај да се обиде клентот да земе алкохол ќе почувствува непријатни телесни и психички реакции кои траат речиси цел ден и се во вид на: вознемиреност, страв, гадење, повраќање, потење, болки во телото, срцебиење, покачен крвен притисок итн.

Овој препарат овозможува на луѓето кои се мотивирани да го остават алкохолот, да се заштитат од најдубиозниот проблем при третманот на алкохолната зависност, а тоа е повторното враќање назад. При повторно посегање по алкохол и после повеќе месеци се возобновува желбата и лицето е немоќно самото да престане.

Третман со други лекови: Чести се психолошките проблеми после оставање на алкохолот. Истите може да бидат предизвикани од психолошката зависност од алкохолот. Многу често употребата на алкохол, велиме, маскира некое друго психичко пореметување, кое станува манифестно по оставањето на алкохолот.

Подолготраен психолошко – психијатриски третман се спроведува во ординацијата во вид на психијатриски и психо – социотераписки третман, кои се спроведуваат по веќе усвоена програма.

 

Контакт

Адреса

бул. “Мајка Тереза” бр. 28-1/1 1000, Скопје

Email

evromedika@yahoo.com

Јавете се

+389 (0)2 3130373

Се вчитува
Дојде до грешка. Ве молиме обдете се повторно
Вашата порака е испратена. Ви благодариме!
Изработено од InOne