Марихуана: акутната интоксикација се манифестира со општо опуштање, лагодност, еуфорија, зголемена говорливост, субјективно појачување на осетливоста на сите сетила и исчезнување на секојдневните грижи и животни проблеми.
Како времето на интоксикација поминува, ефектите на еуфорија и релаксација се намалуваат и потполно исчезнуваат, па многу често се заменети со дисфорија пропратена со летаргија и безволност.
Кај одреден број корисници на продукти од канабис, промената на реалноста може да биде застрашувачка, пратена со чувство на паника, конфузија, моторна ексцитација, параноидна загрозеност или депресија. Може да се јават и халуцинации како видни, така и слушни. Кај некои предиспонирани особи се развиваат, навистина ретко, прави психотични епизоди.
Доколку ги имате овие симптоми и решите да престанете со употреба на канабис, со нашата програма и заедничка програма може да си помогнете себе си во надминување на психолошките проблеми кои ги имате поради употреба на дрога.
Барај
Фотографии
Публикации
Кофеин,стрес и здравје
Кофеинот е супстанца која денес е мошне популарна и широко користена. Го има во кафето, некои други пијалоци и во » ПовеќеАнксиозност кај повозрасните
Секој од нас повремено доживува страв и анксиозност. Стравот е емоционален, психички и бихејвиорален одговор на јасно препознатлива надворешна закана » ПовеќеАлкохол
За многумина алкохолот е пријатен придружник на социјалните настани. Умереното конзумирање на алкохол не е штетно за повеќето возрасни лица. » ПовеќеНАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА
Земањето на храна е контролирано од многу фактори, вклучително и апетитот, достапноста на храната, семејните навики, културата, обидите за » Повеќе
НИЕ СМЕ ОНА ШТО МИСЛИМЕ ДЕКА СМЕ
Што е прво: депресијата или песимистичките мисли?
Одговорот може и да ве изненади.
Во многу случаи депресијата резултира » Повеќе