Животни кризи, Неврози, депресии и животни кризи

Животни кризи

Животните кризи и реакциите на стрес може да бидат предизвикани од причинители од надвор и од нашата психичка внатрешност. Toa се промени во нашето секојднвно социјално миље кои асоцираат на или претставуваат губиток, разделба, промена на односот со нештата, како и што нашите односи влегуваат во нови циклуси, што се случува на 3, 5 – 7 години. Кризите предизвикани од нашата психичка внатрешност е одраз на промените кои ги трпиме, пример возраста. Животните кризи се јавуваат, општо кажано, секогаш кога имаме потреба од нови прилагодувања, секогаш кога нашата внатрешна рамнотежа е пореметена, независно од надворешни или внатрешни фактори.

Како последица на несоодветното разрешување на кризата доаѓа до:
1. Неспремно пречекување на слични животни периоди,
2. Развој на несоодветни начини на однесување: ексцеси со алкохол, дрога, претерано повлекување со променливо расположение, агресивно однесување кон себе и кон другите итн.

Психотераписката услуга е начин ефикасно да ги разрешите сопствените животни кризи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *