Луѓето често го употребуваат терминот ,,депресивен сум” за да ја искажат моментната потиштеност, загриженост и тага. Депресивното расположение е само еден феномен на депресијата. Тоа е ,,конгломерат” од непријатни емоционални доживувања. Кога депресивното расположение е интензивно, личноста е обземена од расположението, од корен го менува ставот кон себе и светот и се оневозможува во остварување на елементарните потреби – да сака, да работи, да ужива, да сочувствува и да живее со другите луѓе.
Една од специфичностите на депресивното расположение, по што се разликува од ,,нормалната” тага, е пад на емоционалното реагирање на настаните. Личноста го губи чувството за радост, а кога тоа е умерено изразено, омилените активности веќе не и причинуваат задоволство – не гледа телевизија, не чита весници, не излегува во друштво. Најболно е кога не чувствува радост и со саканите луѓе и децата. Бесчувствителноста е последица на длабока депресивност. Луѓето со депресивно пореметување се жалат дека не чуствуваат ништо – ниту радост, ниту лутина, ниту жал, дека се ,,ладни”, ,,празни” и ,,скаменети”.
Депресивното расположение е проследено со ниско почитување на сопствената личност, чувство на ниска вредност, чувство на грижа на совест и самообвинување. Причината за овие ставови и доживувањето на сопствената личност се наоѓаат во минатото. Во фанатазијата на индивидуата минатото е фалсификувано. Тоа е период на непростиви грешки и гревови што останале неказнети. Од постојано движење во ,,маѓепсаниот круг” од негативни мисли и самообвинувања се создава желба за ставање крај на оваа агонија – самоубиство.
Депресијата е еден од главните проблеми на денешницата и е последица на се поголемата отуѓеност помеѓу луѓето.
Долготрајноста на депресивноста ни го нарушува квалитетот на живеење, а може и да не втурне во нови, несоодветни начини на барање излезни ситуации како дрога, алкохол, лекови и уште поголема отуѓеност.
Колку е често и озбилно психичко пореметување кажуваат и податоците на Светската здравствена организација – Депресијата до 2020 година ќе биде заболување кое најповеќе ќе ги инвалидизира луѓето, и пред кардио – васкуларните и малигните заболувања кои сега се водечки.
ТРЕТМАН ВО ЕВРОМЕДИКА
Во Евромедика третманот на депресивните пореметувања се состои од:
Проценка на психичката состојба и договор за понатамошен третман.
Фаза на стабилизација, во која се спроведува психо – фармакотерапија и психотераписки интервенции во правец на побрза психичка стабилизација, во смисол да се намалат острите знаци на депресивното пореметување.
Фаза на модифицирање на стилот на живеење и зголемен увид во потсвесните причинители, односно психолошките аспекти на појавените симптоми, и обука за релаксациони техники.
Реконструктивни облици на психотерапија. Овој третман е реконструктивен во смисла на корекција на старите емоционални искуства и промени кои ќе значат надминување на психичките конфликти поради кои се јавило депресивното пореметување. Овој третман се спроведува во ординацијата во вид на групни или индивидуални сеанси.