Во основа на услугите, кои се даваат во П.З.У. Евромедика, се психотераписки методи кои тимот на професионалци ги спроведува во третман на психолошки проблеми и пореметувања.
депресија
Луѓето често го употребуваат терминот ,,депресивен сум” за да ја искажат моментната потиштеност, загриженост и тага. Депресивното расположение е само еден феномен на депресијата.
животни кризи
Животните кризи и реакциите на стрес може да бидат предизвикани од причинители од надвор и од нашата психичка внатрешност. Toa се промени во нашето секојднвно социјално миље ...
неврози
Во секојдневната пракса во П.З.У. Евромедика најчесто се среќаваме со невротски пореметувања каде стравот е доминантен симптом ...
За нас
П.З.У. Евромедика е психијатриска ординација која постои од 1998 година.
Применува тимски, пред се хуманистички и димански ориентиран пристап при третман на психијатриски проблеми и животни кризи.
Дискрецијата е загарантирана!
Закажете термин
Нашиот тим се состои од Д-р. Александар Марцикиќ - психијатар, Д-р. Невена Чадиковска - психијатар, Тања Марцикиќ - социјален работник и Сања Манчевска - медицинска сестра.
Закажете термин кај нашите доктори со еден клик на копчето и одберете датум и слободен термин кој најмногу ви одговара.
Земањето на храна е контролирано од многу фактори, вклучително и апетитот, достапноста на храната, семејните навики, културата, обидите за доброволно контролирање на земањето на храна.Диета до постигнување на телесна тежина која и не се препорачува за здравјето е промовирана од некои денешни ...
За многумина алкохолот е пријатен придружник на социјалните настани. Умереното конзумирање на алкохол не е штетно за повеќето возрасни лица. Но, голем е бројот на лица кои имаат сериозен проблем поврзан со пиењето алкохол.Последиците од злоупотреба на алкохол се сериозни, во повеќето случаи дури и ...
Секој од нас повремено доживува страв и анксиозност. Стравот е емоционален, психички и бихејвиорален одговор на јасно препознатлива надворешна закана (пр. при насилство, сообраќајна незгода и сл.). Анксиозноста е вознемиреност, непријатна состојба на нервозност и непријатност, чии предизвикувачи се ...
Супституционен третман на одржување и детоксицирање Третманот со супституциона терапија (метадон, бупренорфин) се практикува во П.З.У. Евромедика од Март 2004 година.Целта на оваа детоксикација е да се ублажат кризите каj луѓе:кои се мотивирани, но имаат остри апстиненцијални кризи;...
Најдубиозниот и најдолготрајниот третман на зависности е во разрешување на психолошката зависност. Во Евромедика третманот се одвива психијатриски со медикаменти и психо – социо тераписки. Работиме тимски. Тимот е составен од психијатар, социјален работник и медицинска сестра. Третманот е ...
Што по детоксикацијата?Детоксикацијата е вовед во третманот. Третманот се состои од повторно враќање во секојдневното живеење без конзумирање на било какви супстанции, кои ја алтерираат свеста, односно водење на трезвен живот, психолошка урамнотеженост и ресоцијализација. Во ординацијата Евромедика ...
Што е ултра брза опијатна детоксикација под седација?УБД е ефикасна метода за надминувањe на апстиненцијалната криза на опијатна зависност како дел од комплексниот третман.Ултра брза детоксикација (УБД) под седација подразбира откажување од опијати (хероин, опиум, метадон итн.) во рок од 5 до 7 ...