Ултра брза опијатна детоксикација

Што е ултра брза опијатна детоксикација под седација?

УБД е ефикасна метода за надминувањe на апстиненцијалната криза на опијатна зависност како дел од комплексниот третман.

Ултра брза детоксикација (УБД) под седација подразбира откажување од опијати (хероин, опиум, метадон итн.) во рок од 5 до 7 часа. Во состојба на седација се блокираат опијтните рецептори т.е. местата во мозокот каде треба да се врзе опијтната супстанца за да го предизвика очекуваниот ефект. Особата во тие 5 до 7 часа воглавно ја преживува кризата. Потоа претстои некулкудневен опоравок. Вo првите денови на апстиненција, кога се очекува интензивна апстиненцијална криза, особата која била на УБД потполно се опоравува. За сетo време се спроведува третман со кој се забрзува опоравувањето. Предноста на УБД е што особата веќе прима опијатен антагонист. Наместо да се чека да се разгради опијатот, со оваа метода особата од самата детоксикација е на терапија со опијатен антагонист кој може да се зема преку уста или да се вгради под кожата. (види Опијатен блокатор или пеллет налтреџон).

Предизвикување на апстиненцијална криза, во контролирани услови и под постојан медицински надзор, како и нејзино надминување за период од неколку часа, е хуман метод на давање помош на лице кое развило зависност од опијатни дроги.

Каде се преминува?
Примена кај сите облици на опијатна зависност: хероин, бупренорфин, метадон, морфиум, трамадол и др. Целта е брзо, хумано и безболно надминување на апстиненцијалната криза.

Што Ве очекува доколку се одлучите за УБД во Евромедика?
Во Евромедика овие детоксикации се обавуваат од јануари 2002 година со веќе стекнато искуство.

1. Припремен период
стапување во комуникација за проценка на степенот на зависност, мотивираност и моменталната здравствена, психолошка и социјална состојба.
период од 7 до 14 дена кога особата се става на супституциона терпија – метадон или бупренорфин. Во овој период се дава поддршка и припрема за долготрајна апстиненција. Се прават здравствени, психијатриски и психолошки иследувања и секојдневни психотераписки сеанси. Овој период е важен од неколку причини: особата да се тргне од редовното неконтролирано конзумирање на херион или друга опијатна дрога, да направи психолошка дистанца. Во овој период е заштитена од апстиненцијални кризи со баждарени дози на супституциона терапија за да се даде поддршка на неговата/ нејзината мотивација и спремност за долготрајна апстиненција, која всушност е третманот.
Во овој период се прави детална проценка колку е индивидуата спремна за живот без дрога.

2. Ултра Брза Детоксикација
3. Период на опоравок кој трае 2 до 3 дена со домашна посета од психијатар двапати дневно.
4. Продолжен психијатриски третман кој може да се одвива во оваа ординација доколку се работи за граѓанин од Скопје или Македонија. Доколку се работи за странски државјани да го продолжат третманот во својата земја.

Ординацијата посредува за соодветен смештај за особата и пратителот додека трае третманот.

Не се дозволени коментари.