Седативно – хипнотички супстанции

Барбитурати
Акутната интоксикација со барбитурати настапува брзо откако се зема дрогата, а се манифестира со малаксаност, променливо расположение, пореметување на функциите на внимание, помнење и расудување, намалување или потполно исчезнување на анксиозноста, дезинхибиција на сексуалните и агресивните импулси пропратени со раздразливост. Говорот е нејасен, одот несигурен, движењето поспоро и некоординирано. Емоционалното реагирање е променливо, од плачење до безпричинско веселење и смеа.
При хронична употреба на барбитурати доаѓа до појава на збунетост, агресивност, емоционална нестабилност, опстипација и пореметена координација на движењата.
Апстиненцијалниот синдром е бурен и многу опасен. Првите знаци и симптоми се јавуваат после 10 часа од последното земање. Се изразуваат како плашливост, тресење, анксиозност, нелагодност, главоболка, мачнина, несоница, хипотензија, тахикардија, тремор на рацете, јазикот и очните капаци.

Бензодиазепини
Транквилајзерите се користат пред се за сузбивање на анксиозност и нервна напнатост. Бензодиазепините предизвикуваат психичка и физичка зависност. По прекинување на земање бензодиазепин, се јавува апстиненцијален сидром, кој се исполува со зголемена анксиозност, инсомина, визуелни пречки, тремор, губење на телесната тежина, а поретко со конвулзии.

Доколку сте осетиле некои од горенаведените симптоми и последици, и решите да прекинете со употреба на седативно – хипнотички супстанции, со нашата програма и со заедничка програма може да си помогнете себе си во надминување на психолошките проблеми кои ги имате поради употреба на дрога.

Не се дозволени коментари.