Опијати

Поткожно вградување на опијатен антагонист
Во П.З.У. ЕВРОМЕДИКА од 2005 година се употребува опијатен антагонист, Naltrexone, во Pellet облик, за поткожно вградување.
Препаратите кои се вградуваат се со 3- (три) и 6- (шест) месечно дејствување. Како безбеден лек може да се вградува поткожно повеќе пати и да помогне во одржување на апстиненцијата.

Зошто?
Денеска третманот на опијатна зависност не се смета за озбилен доколку не се употреби опијатен антагонист (Налтрексон).
Третман на најдубиозниот проблем при надминување на опијатната зависност, повторно враќање на дрогата.
Препаратот е поволен бидејќи овозможува слобода во изборот на секојдневните активности, како подолготрајно патување, отсуство од домот и друго.

Како се изведува?
Вградувањето се врши во амбулантски услови.
Времето потребно за оваа постапка е 20 – тина минути.

Што по вградување на препаратот?
Во цената на препаратот е вклучена една средба во месецот, во траење од педесет минути.
Принципот на третман во Евромедика е дека опијатниот антагонист е само дел од третманот кој има специфична улога – да се помогне на особата да не се врати повторно на опијатна дрога, што претставува озбилен проблем во третманот на опијатна зависност. Препаратот не може сам по себе да помогне во решавање на психолошките проблеми предизвикани од зависноста. Неопходни се повеќемесечни психијатриски третмани и психотерапија.

Не се дозволени коментари.