Алкохол

Поткожно вградување на алкохолен блокатор (disulfiram, neltrexone):

Дисулфирамот го прекинува метаболизмот на алкохолот. Со тоа во организмот се натрупува отровна супстанца. Во случај да се обиде клентот да земе алкохол ќе почувствува непријатни телесни и психички реакции кои траат речиси цел ден и се во вид на: вознемиреност, страв, гадење, повраќање, потење, болки во телото, срцебиење, покачен крвен притисок итн.
Овој препарат овозможува на луѓето кои се мотивирани да го остават алкохолот, да се заштитат од најдубиозниот проблем при третманот на алкохолната зависност, а тоа е повторното враќање назад. При повторно посегање по алкохол и после повеќе месеци се возобновува желбата и лицето е немоќно самото да престане. (Види Зависности – Алкохол)

Не се дозволени коментари.