Депресија

Луѓето често го употребуваат терминот ,,депресивен сум” за да ја искажат моментната потиштеност, загриженост и тага. Депресивното расположение е само еден феномен на депресијата. Тоа е ,,конгломерат” од непријатни емоционални доживувања. Кога депресивното расположение е интензивно, личноста е обземена од расположението, од корен го менува ставот кон себе и светот и се оневозможува во остварување на елементарните потреби – да сака, да работи, да ужива, да сочувствува и да живее со другите луѓе.
Една од специфичностите на депресивното расположение, по што се разликува од ,,нормалната” тага, е пад на емоционалното реагирање на настаните. Личноста го губи чувството за радост, а кога тоа е умерено изразено, омилените активности веќе не и причинуваат задоволство – не гледа телевизија, не чита весници, не излегува во друштво. Најболно е кога не чувствува радост и со саканите луѓе и децата. Бесчувствителноста е последица на длабока депресивност. Луѓето со депресивно пореметување се жалат дека не чуствуваат ништо – ниту радост, ниту лутина, ниту жал, дека се ,,ладни”, ,,празни” и ,,скаменети”.
Депресивното расположение е проследено со ниско почитување на сопствената личност, чувство на ниска вредност, чувство на грижа на совест и самообвинување. Причината за овие ставови и доживувањето на сопствената личност се наоѓаат во минатото. Во фанатазијата на индивидуата минатото е фалсификувано. Тоа е период на непростиви грешки и гревови што останале неказнети. Од постојано движење во ,,маѓепсаниот круг” од негативни мисли и самообвинувања се создава желба за ставање крај на оваа агонија – самоубиство.
Депресијата е еден од главните проблеми на денешницата и е последица на се поголемата отуѓеност помеѓу луѓето.
Долготрајноста на депресивноста ни го нарушува квалитетот на живеење, а може и да не втурне во нови, несоодветни начини на барање излезни ситуации како дрога, алкохол, лекови и уште поголема отуѓеност.
Колку е често и озбилно психичко пореметување кажуваат и податоците на Светската здравствена организација – Депресијата до 2020 година ќе биде заболување кое најповеќе ќе ги инвалидизира луѓето, и пред кардио – васкуларните и малигните заболувања кои сега се водечки.

 

ТРЕТМАН ВО ЕВРОМЕДИКА

Во Евромедика третманот на депресивните пореметувања се состои од:

  1. Проценка на психичката состојба и договор за понатамошен третман.
  2. Фаза на стабилизација, во која се спроведува психо – фармакотерапија и психотераписки интервенции во правец на побрза психичка стабилизација, во смисол да се намалат острите знаци на депресивното пореметување.
  3. Фаза на модифицирање на стилот на живеење и зголемен увид во потсвесните причинители, односно психолошките аспекти на појавените симптоми, и обука за релаксациони техники.
  4. Реконструктивни облици на психотерапија. Овој третман е реконструктивен во смисла на корекција на старите емоционални искуства и промени кои ќе значат надминување на психичките конфликти поради кои се јавило депресивното пореметување. Овој третман се спроведува во ординацијата во вид на групни или индивидуални сеанси.

Не се дозволени коментари.