Канабис

Марихуана: акутната интоксикацијата се манифестира со општо опуштање, лагодност, еуфорија, зголемена говорливост, субјективно појачување на осетливоста на сите сетила и исчезнување на секојдневните грижи и животни проблеми.
Како времето на интоксикација поминува, ефектите на еуфорија и релаксација се намалуваат и потполно исчезнуваат, па многу често се заменети со дисфорија, пропратена со летаргија и безволност.
Кај одреден број корисници на продукти од канабис, промената на реалноста може да биде застрашувачка, пратена со чувство на паника, конфузија, моторна ексцитација, параноидна загрозеност или депресија. Може да се јават и халуцинации како видни, така и слушни. Кај некои предиспонирани особи се развиваат, навистина ретко, прави психотични епизоди.

Доколку имате вакви проблеми и решите да прекинете со употреба на марихуана, со нашата програма и заедничка програма може да си помогнете себе си во надминување на психолошките проблеми кои ги имате поради употреба на марихуана.

Зависности

Не се дозволени коментари.