Во секојдневната пракса во П.З.У. Евромедика најчесто се среќаваме со невротски пореметувања каде стравот е доминантен симптом:
- Панични пореметувања со агорафобија;
- Анксиозно – депресивни пореметувања;
- Фобични пореметувања;
- Опсесивно – компулсивни пореметувања;
- Соматоформни – компулсивни пореметувања;
- Дисоцијативни пореметувања;
Како посебни категории на пореметувања ги наведуваме:
- Сексуалните дисфункции и
- Пореметувањето во исхрана.
Како услуга добивате третман, кој се одвива во неколку фази:
- Фаза на стабилизација, кога се спроведува психо – фармако терапија и психотераписки интервенции во правец на побрза психичка стабилизација, во смисол да се намалат острите знаци на растревоженост.
- Фаза модифицирање на стилот на живеење и зголемен увид во потсвесните причинители, односно психолошките аспекти на појавените симптоми и обука за релаксациони техники.
- Реконструктивни облици на психотерапија. Овој третман е реконструктивен во смисол на корекција на старите емоционални искуства и промени кои ќе значат надминување на психичките конфликти поради кои се јавило невротското пореметување. Овој третман се спроведува во ординацијата во вид на индивидуални и групни сеанси.
Видови на третман Психијатриски третман:
Проценка на интензитетот на невротското пореметување и ординирање на психофармаци.
Психотераписки третман:
Проценка на карактеристиките на личноста, внатрешните конфликти и интензитетот, нивното симболично изразување преку симптоми на невротско пореметување.
Видови на психотераписки третман:
- Индивидуална психотерапија во траење од педесет минути и
- Групен третман еднаш во неделата.
Видот на третман се предлага на првата средба и се прави договор за соработка во рамки во кои ќе даде успешен третман.