Животни кризи

Животните кризи и реакциите на стрес може да бидат предизвикани од причинители од надвор и од нашата психичка внатрешност. Toa се промени во нашето секојднвно социјално миље кои асоцираат на или претставуваат губиток, разделба, промена на односот со нештата, како и што нашите односи влегуваат во нови циклуси, што се случува на 3 – 5 – 7 години. Кризите предизвикани од нашата психичка внатрешност се одраз на промените кои ги трпиме, пр. возраста. Животните кризи се јавуваат, општо кажано, секогаш кога имаме потреба од нови прилагодувања, секогаш кога нашата внатрешна рамнотежа е пореметена, независно од надворешни или внатрешни фактори.
Како последица на несоодветното разрешување на кризата доаѓа до:

  • Неспремно пречекување на слични животни периоди;
  • Развој на несоодветни начини на однесување: ексцеси со алкохол, дрога, претерано повлекување со променливо расположение, агресивно однесување кон себе и кон другите итн.

Психотераписката услуга е начин ефикасно да ги разрешите сопствените животни кризи.

Неврози,депресии и животни кризи

Не се дозволени коментари.